Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. На планините врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 9 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југозападен правец. Во делови од котлината ќе има повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со локални врнежи од снег. Утре ќе дува умерен, на места засилен ветер од југозападен правец. Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во пораст.