Неидентификуван 61 годишен маж примил најмалку 87 дози на вакцини против корона во источната германска покраина Саксонија, извести весникот Fraje Prese.
Се верува дека мажот примал по три дози дневно. Германскиот Црвен крст подигнал обвинение против него поради сомнеж дека сакал да ги продава сертификатите за вакцинација со вистинските сериски броеви на луѓе кои не сакале да се вакцинираат.
Германските власти истражуваат дали мажот при секоја посета користел нова бланко картичка за вакцинација со своето вистинско име, а потоа го менувал. Портпаролот на групата Кај Краних за медиумите рече дека за мажот биле известени сите места за вакцинација во Германија.
Од Германското министерство за социјални прашања за медиумите рекоа дека не се запознати со овој случај. За потсетување, од почетокот на пандемијата досега неколку луѓе се фатени како се вакцинираат во име на други.
Минатиот декември, маж од Нов Зеланд беше под истрага поради наводно примање на 10 вакцини во еден ден, во име на муштерии кои му плаќале за тоа, а кои не сакале да се вакцинираат. Засега нема информации за влијанието врз здравјето по примени 90 дози вакцини против корона.