Цените на половните возила во земјава се зголемени од 20 до 30 отсто. Иако во последниов период побарувачката на увезени автомобили е значително намалена, трговците се принудени да ги продаваат половните возила по повисоки цени поради зголемените цени во странство, како и повисоките давачки кон државата.
Од автомобилскиот сектор во земјава веќе потврдија дека Европа се соочува со намалено производство на нови возила. Од овој сектор очекуваат дека ќе поскапат и новите возила, бидејќи репроматеријалите освен што доцнат со достава, тие веќе имаат и нова повисока цена.
Падот на автомобилската индустрија за оваа година ќе биде минимум 15 проценти повеќе од планираното. Тоа значи дека од вкупно два и пол милиони возила поради кризата, кои помалку ќе се произведат во светот 1,7 милиони возила ќе биде падот во Европа.
Информациите кои ги добивме од терен велат дека граѓаните кои сега сакаат да купат половно возило бараат да не биде постаро од 2015 година. Таквите возила на плацевите надминуваат и 10 илјади евра. Најбарани според трговците последниов период биле автомобилите за почетници со помала моќност на моторот.
извор: alsat.mk