Министерството за образование и наука денеска ќе ја презентира новата дигитална услуга – „Електронски уписи на ученици во средни училишта“.
Услугата е во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор“ поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени.