Ова е првата енергетска транзиција на електраната на јаглен во чиста енергија во регионот и овој капацитет од загадувач ќе се произведува чиста енергија.
Од оваа фотонапонска централа во време на енергетската криза ќе обезбедува енергија од домашно производство за 2.800 домаќинства во Кичево и регионот, односно вкупното годишно производство ќе изнесува од 15 до 17 гигават часови електрична енергија.
“Целосно сме посветени на развивање на политики кои ќе придонесат кон енергетска транзиција, преку нови инвестиции во обновливи извори на енергија и потикнување на енергетската ефикасност. Само преку енергетската транзиција, можеме да ја потикнеме заштитата на животната средина” рече министерот.
Министерот исто така најави дека по десет години целосно ќе преминеме на производство на електрична енергија од обновливи извори, односно ќе престане производството на јаглен.
извор: biznisinfo.mk