Директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Игор Галиќ денеска изјави дека Советот на Владата на Црна Гора донел мерки во борбата против коронавирусот, кои ќе важат од 8 до 22 април.
– Носењето маски од денеска е задолжително само во здравствените установи, колективното сместување, јавниот превоз. Носењето маски во сите други објекти останува препорака – истакна Галиќ на прес-конференцијата на која беше презентирана епидемиолошката состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Тој додаде дека се укинува ограничувањето на бројот на присутни на јавните собири.
– Сите други мерки остануваат на сила, рече тој.
Галиќ рече дека доколку се забележи неповолен тренд веднаш ќе реагира и дека ќе ги ревидира овие мерки пред 22 април.
– Веруваме во одговорноста на нашите граѓани и се надеваме дека нема да има потреба од ваков потег, рече тој, пренесува Вијести.
Галиќ рече дека бројот на заболени е помал за околу девет отсто во однос на претходните две недели.
– Исто така, бројот на починати е помал за 18,2 отсто во однос на претходните две недели – рече директорот на ИЈЗ.
Сите мерки кои важат во Црна Гора може да ги погледнете ТУКА.