Нагло, големо и многу кратко затоплување на времето ќе имаме за време на викендот и тоа особено во недела кога максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.
Меѓутоа веќе во недела навечер и ноќта кон понеделник следува враќање на циклонот флоријан кој во текот на следната недела ќе услови доста нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите можно е да бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Да напоменеме дека во зоната на големата нестабилност за кратко време локално можно е да наврне позначително количество на воден талог со што може да услови и локални поројни поплави.
Од понеделник повторно температурите на воздухот ќе бележат тенденција на значително опаѓање (и тоа некаде за 7 до 8 степени).
skopje24.mk