Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје, денес го одржа jубилејното десетто издание на Авицена Женската трка. Повеќе од 2000 учеснички трчаа на дожд и го разубавија Градски Парк и Град Скопје.
Трката со години е доказ дека жените без разлика на возраста имаат спортски дух, а здравите навики се дел од нивното секојдневие.
Учесничките на Авицена Женската трка трчаа 3 километри, а стартот и целта на трката беа во Градски парк.
Оваа година, од вкупниот број учесники прва до целта пристигна Весна Кираџиева за 12 минути и 22 секунди, второто место ѝ припадна на Бојана Наумовска со 12 минути и 35 секунди и на трето место се најде Вера Украдевска, која ја истрча патеката за 12 минути и 35 секунди.
По прогласувањето на најдобрите учеснички следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните се здобија со подароци од партнерите на Авицена Женска трка 2022.
Конечните резултати од овогодинешната Авицена Женска трка може да се проследат на www.tagtiming.mk
Авицена Женска трка и оваа година покажа дека спортската култура кај женската популација се зголемува од година во година и дека со добра организација секој може да води здрав живот.
извор: zenskimagazin.mk