Од денеска, понеделник (11.04.2022) автобусите кои сообраќаат на линија 4 во реонот на Ѓорче Петров се движат по нова, изменета траса од досегашната, односно минуваат од кај пазарчето и црквата.
Во насока од 11 Октомври кон Хром, од булевар „Партизански одреди“возилата сообраќаат до кружната крстосница кај црквата „Свети Апостол Петар и Павле“, потоа вртат лево по булевар „Македонска војска“, па продолжуваат лево по улица „Ѓорче Петров“ и кај кружниот тек (споменик на Ѓорче Петров) вртат десно по улица „Воин Драшковиќ“ до крајната/почетната постојка во Хром. Посочениот режимважи и во обратна насока, односно од Хром кон 11 Октомври.
Новиот режим на сообраќање е согласно измената на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, која беше донесена на последната Седница на Совет на Град Скопје со која се усвоија и нови возни редови за повеќе линии.
Со одлуката, извршено е усогласување на возните редови на линиите 4, 4а, 64а, 73 и 163 кои се достапни на веб страницата на ЈСП Скопје.
Посочените корекции се направени врз основа на искажаните потреби на корисниците на јавниот превози извршените анализи на податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING, се со цел давање поквалитетни превозни услуги и поголема достапност на корисниците до мрежата на линии.
извор: skopjeinfo.mk