Бизнис секторот со сериозни забелешки околу предлог измените во Законот за работни односи кој е во собраниска процедура.
Се согласуваат дека нов закон треба да има, но дека одредени измени во него дополнително ќе ја влошат и онака тешката состојба во која се наоѓаат фирмите, а тоа ќе се одрази и на вработените.
За бизнсиот е неприфатлив предлогот, крајниот рок за исплата на платите наместо до 15 да биде од 5 во месецот, особено не сега во време на ваква криза.
Забелешки имаат и околу тоа, договорите на определено наместо на 5 години да бидат 6 месеци. Сметаат дека тој рок не треба да биде пократок од 3 години.
Од Стопанската комора веќе испратија и барање до претседателот на Собранието Џафери, законските измени да не бидат усвоени. Од комората сметаат дека законот за работни односи е комплексен закон и за негово дефинирање потребна е широка дебата, а не да се носи по скратена постапка. Повеќе детали најави за утре.
На новиот закон за работни односи почна да се работи уште во 2018 година.
извор: slobodenpecat.mk