„Каде се гледаш себеси за 10 години? Кои се твоите негативни страни? Зошто ја напушти претходната работа?“ – клише прашања на секое интервју. Стресно, напнато, неизвесно...
Не мора секогаш да е така!
LinkedIn објави видео од интервју од една компанија од секторот Човечки ресурси. Ова видео е вистинска лекција за тоа како треба да се направи едно интервју.
Дастин (36), мислејќи дека учествува во документарец за кариеристи кои прават животни промени менувајќи ја својата работна позиција дава изјава пред закажаното интервју. Не ја крие возбудата и стравот од прашањата и исходот. Но, не знае дека ќе биде сниман цело време.
Почетокот е сосема очекуван, но погледнете каков пресврт ќе му се случи на Дастин.
Замислете се себеси во неговата улога, како би реагирале?