Зголемување на платите за 3.000 денари за вработените во технолошкиот процес во „Македонска Пошта“ од 1 јуни , а за останатите од администрацијата 1 август. Ваков предлог добил Синдикатот на поштата од страна на раководството за прекин на штрајкот кој почна денес.
Претседателот на Синдикатот, Боро Велигденов на прес-конференција истакна дека утрово интензивно преговарале со раководството. Откако официјално ќе ја добијат понудата и ќе ја потпишат спогодбата штрајкот ќе биде прекинат, но претодно неопходна е консултација со синдикалните организации за предлогот.
До потпишувањето на спогодбата, штрајкот е во тек, изјави Велигденов.