Најновото зголемување на цената на лимузината на Теslа може да ја чини долгорочно и тоа во негативна конотација…
По минатонеделното славеничко отварање на погоните на Gigafactory крај Берлин и бомбастичните најави за годшна продукција од половина милион EV, медениотмесез помеѓу Германците и Tesla заврш. Иако „брачни“ недоразбирањ имаше и претходно, кон средината на минатиот месец поскапеа и другите варијанти на Model 3, но основната верзија ја задржа истата цена. Сега ситуацијата се „заостри“ иосновната верзија доби нова цена и тоа 7.000 евра повисока!
Но, како потегот на Tesla ќе влијае на продажбата на Model 3 во Германија ќе дознаеме следната година. Зошто? Причината е прилично едноставна, доколку денес го нарачате споменатиот автомобил од оваа земја, испораката ќе ја чекате до мај 2023 година! Дури тогаш можевме да дознаеме какви ефекти има ова драматично поскапување.
Американскиот бренд засега не наведува причини зошто е зголемена цената за основниот Model 3. Странските експерти сметаат дека примарни причини се поскапувањето на суровините, особено на никелот, чија цена експлодира во последните неколку недели . Никелот е еден од клучните елементи за батериите на електричните автомобили, што делумно го објаснува растот на цената на Model 3…
Инаку, овој берлин моментално е многу баран на германскиот пазар. Уште повеќе, седанот на Tesla е убедливо најпродаваниот електричен автомобил во земјата. Ќе видиме дали ќе остане така…