Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 08:00 до 10:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од Момин Поток – Синтек и СИЗ Македонија, Општина Карпош.
Во периодот од 08:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Пандил Шишков“ бр.10 и бр.27, Општина Аеродром.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Манчу Матак„, Општина Ѓорче Петров.
Во периодот д 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Осло“, Општина Карпош.