Во Србија и БиХ падна снег.
Србија e под снег, a на некои места снежната покривка е со дебелина до 50 сантиметри.
Толку дебела покривка има во Нова Варош.
„Засега снабдувањето со електрична енергија е во ред, но големо количество снег останува на далноводите и се стравува дека доколку продолжат врнежите, може да има уште поголем проблем. Полицијата го регулира сообраќајот и ги исклучува оние возачи кои тргнале на оваа делница без соодветна опрема“, изјави за РИНА, Радосав Васиљевиќ, претседател на општина Нова Варош.
Ноќеска падна снег и на Златибор, а надлежните екипи работат на терен.
Снег денеска покри градови во Босна и Херцеговина, јави БХРТ. Седум сантиметри снег има во Ливно, осум во Чемерно. Во главниот град Сараево има само еден сантиметар снежна покривка.