Прометот на пазарот на недвижности во Србија во првиот квартал е зголемен за 23,1 отсто во однос на истиот период лани, што досега беше рекорд за трансакции со недвижности во земјата, се вели во извештајот на Републички геодетски завод (РГЗ).
Во првиот квартал од оваа година недвижностите во Белград беа најбарани во Србија.
Српската престолнина забележа и највисока цена за метар квадратен од неверојатни 9.115 евра за стан продаден во Белград на вода, покажуваат податоците на РГЗ.
Во Белград сумата на пари вложени во недвижен имот во првиот квартал достигна 807,9 милиони евра.
Тоа е раст од 21,2 отсто во однос на истиот период во 2021 година.
Таа сума прави половина од вкупниот промет на пазарот на недвижности во Србија во првите три месеци од 2022 година, кој изнесува 1,6 милијарди евра.