Просечната пензија во март изнесувала 16.380 денари и за прв пат е исплатена и највисока пензија досега во висина од 60.294 денари. Станува збор за новоформирана максимална пензија истата важи од први годинава, а решенијата се донесуваа од први март.
Најниска просечна пензија е земјоделската 8.484 денари, највисока воената од 23.692 денари. Просечната семејна пензија изнесува 13.078 денар, инвалидската 14.740 денари, старосната 17.680 денари.
Податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување покажуваат значително намалување на бројот на пензионери од почетокот на годината. Нивниот број во јануари изнесувал 326 841 пензионер, додека во март се намалил на 326 049. Статистиката забележала намалување на бројот на пензионери во земјава во првите три месеци годинава за дури 792 лица.
Со образложение дека поради зголемената смртност не може да се постигне навреме исплата на барателите-корисници на средства од Солидарниот фонд, Сојузот на здруженија на пензионери ја намали висината на исплата за 5.000 денари, наместо 30.000 денари на семејствата им се исплаќа 25.000 денари кои дополнително треба да им се доплатат со јулската пензија. Од друга страна, пак ја зголеми сумата што на пензионерите им се запира од пензиите за Солидарниот фонд, од 120 на 150 денари.
Целиот текст прочитајте го на: pari.com.mk