![Комисијата предложи укинување на сите антиковид-мерки, маските да останат задолжителни само во некои затворени простории](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f4/7e79284f-resize-820x0x100.jpg)
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, што значи се укинува потребата за ковид-сертификат во угостителските објекти во затворено, а маска и натаму ќе треба задолжително да се носи само во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.
Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.
Од Комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.
Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.