Имено, во далечната 1886 година, ексцентричната Сара Винчестер купила куќа која на почетокот имала 8 соби. Сара не била задоволна од изгледот на куќата и се фрлила на реновирање кое се претворило во доживотен проект на кој потрошила приближно 5,5 милиони долари.
Откако Сара починала во 1922 година, било откриено дека скромната куќа ја претворила во неверојатна здание со модерен водовод, 160 соби, 6 кујни и 2 подрума. Куќата има 2 илјади врати и 10 илјади прозорци. Сепак, некои други работи поврзани со оваа необична куќа се уште почудни.
Сара има инсталирано неколку врати во куќата кои не можат да се отворат. Некои прозорци се поставени во простории без никаков извор на светлина. Куќата има неколку скали кои не водат никаде. Сè е полно со тајни премини, а посебна атракција е шкафчето кое кога ќе се отвори води низ 30 соби во куќата.
Се разбира, наскоро се појавиле бројни приказни и легенди дека луѓето се обиделе да објаснат зошто Сара, која била вдовица на Вилијам Вирт Винчестер, пронаоѓачот на пушката Winchester, го направила тоа.
Многумина веруваат дека во куќата била прогонувана од духовите на сите погубени од споменатото оружје и дека собите се всушност одраз на кошмарите што ги доживувала во последните години од животот. Други тврдат дека изградила лавиринт во својот простор за да избега од злите духови што ја прогонувале. Таа, наводно, дури и спиела во различна соба секоја вечер за да избега од нив.
Во секој случај, мистериозната куќа Винчестер денес е главна туристичка атракција која ја посетуваат голем број љубители на необјаснети феномени, особено оние кои веруваат во духови. Десетици посетители почувствувале „присуство“ во неа, поради што често ја нарекуваат и најопседната куќа на светот.
извор: kajgana.com