Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде од 6 до 12, а максималната од 13 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и пообилни.
Од среда дневната температура ќе биде во пораст.
извор: skopjeinfo.mk