Германските производители на автомобили се соочуваат со проблеми во испораката на делови, поради што годинава ќе произведат околу 700.000 автомобили помалку од планираното на почетокот на годината.
Магазинот Automobilvohe, повикувајќи се на податоците на компанијата IHS Markit, истакнува дека особено бил погоден производителот Volkswagen, кој годинава ќе произведе половина милион возила помалку.
Експертите не очекуваат наскоро закрепнување во автомобилската индустрија.