Максималните дневни температури ќе бидат 18 степени, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи
Времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд краткотрајно и со нестабилност, а максималните дневни температури ќе бидат 18 степени, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-Претпладне претежно облачно, преку денот посвежо со повремен локален дожд, а попладне променливо облачно. На средината на денот ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североиисточен ветер.
Од утре, пак, се најавува пораст на дневните температури, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Слична е вреенската прогноа и за следните денови, дожд и облаци но пораст на темперетурите до 24 степени