Веќе 4 работни денови изводи од матичните книги на венчани, родени и починати, како и слободни брачни состојби не се издаваа во цела држава...
Изводи сè уште не се издаваат. Околу 500 вработени во Управата за водење на матични книги сè уште штрајкуваат и се надеваат дека надлежните ќе најдат решение за нивните проблеми.
Од независниот Синдикат на Управата за водење на матични книги велат дека досега никој од надлежните не ги исконтактирал. А за утре се повикани на средба со директорот на Управата. Синдикалците велат, граѓаните ги разбираат и поддржуваат, претпоставените вршат притисок врз вработените.
Имаат поддршка и од Конфедерацијата на Синдикалните организации на Македонија. Додаваат дека доколку не се најде решение не е исклучена можноста да почнат и со протести со блокирање на улици и на крстосници. Бараат усогласување на платите со минималната, нов колективен договор.
извор: mrt.com.mk