Порталот „Нумбео“ ја ажурираше својата годишна листа на најскапи и најевтини земји за живеење во светот.
За да го направат списокот имаа предвид неколку критериуми – трошоци за домување, облека, храна, превоз, интернет, сметки, намирници .
Бермудите се на врвот на листата од 143 земји.
По неа следуваат Швајцарија, Норвешка, Исланд и Барбадос.
Што се однесува до околните земји, најскапа за живеење е Словенија, која е на 45. место, а потоа следат Хрватска 59. место и Црна Гора 87. место.
Србија е на 94. место, а потоа следат Босна и Херцеговина 96. место и Македонија на 118 место.