Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа.
Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде на сила од вечерва на полноќ, изјави портпаролката на РКЕ.
Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денари.
извор: press24.mk