Во помалите градови во внатрешноста на Македонија, купувањето облека на вересија е намалено во однос на минатото, но не е искоренето, пишува Фактор.
Поради лошата економска состојба, ниските плати, и малата куповна моќ на граѓаните, сопствениците на бутици велат дека сепак се случува да дадат парчиња облека на купувачите на вересија. Некогаш се работи за свечена облека, а некогаш за облека за секојдневна употреба. Откако почна корона кризата, газдите на продавниците за облека се трудат оваа појава да ја минимизираат колку што можат, но велат дека економската состојба не е идеална, и тоа не може да се негира.
Сопствениците на бутици во помалите места објаснуваат дека ова е меч со две острици. Се повикуваат на мислата дека тој што дава на вересија ќе пропадне, а тој што не дава нема да работи.
Во внатрешноста, работниците земаат пониски плати за разлика од Скопје. Што се однесува до платите, во земјава околу 80.000 работници добиваат минимална плата. Надлежните за непочитувањето на законот се заканија со контроли и казни.
извор: faktor.mk