Работа во фабрика која произведува кондиторски производи може да биде навистина добар избор, од повеќе аспекти. Од мирисот на чоколадо и слатки насекаде, до сериозни и стабилни компании - работодавачи кои ви нудат можности за напредок и градење успешна кариера.
Направивме анкета во која ги прашавме посетителите на нашиот сајт Кој би бил нивниот избор доколку треба да се вработат во некоја од македонските компании за производство на храна?
За Мултипром се одлучиле 1% од испитаниците, а за Мако Маркет 2%.
4% би работеле во Макпрогрес, познатиот производител на кондиторски производи под брендот Винчини. Дел од овие испитаници коментираат „Добро организирани, креативни, добар однос кон вредните вработени и солидно нградени“.
Следна компанија на листата е Цермат со 5%, а еден од коментарите од посетителите на Vrabotuvanje.com за овој работодавач гласи „Затоа што работат по 28 дена во месецот а платите се 350 евра“.
6% од испитаниците се изјасниле за Виталиа, а во дел од коментар стои „Најдобра и најстабилна компанија“, „ Сум работела и повторно би работела како комерцијалист и мерчендајзер во Битола и Прилеп“.
Во Swisslion – Агроплод Ресен би работеле 8% од испитаниците, кои имаат само позитивни коментари за оваа компанија.
Во Европа АД Скопје би работеле 31% (353) од учесниците во оваа анкета. Нивниот избор се должи на тоа што Европа ја сметаат за стабилна комапнија со долгогодишна традиција, која е позната во целиот свет – како што стои во еден од коментарите. „Сигурна и стабилна компанија за работа, со добри примања“ – коментира друг испитаник.
Број 1 компанија за производство на кондиторски производи во која најмногу испитаници би се вработиле е Витаминка Прилеп. „Извозно ориентирана, најверојатно солидни и редовни плати“, „Сум чула прекрасни позитивни зборови од нивни вработени, што ретко се слуша за некоја комапнија“ – стои во дел од коментарите.
10% од испитаниците се изјасниле за опцијата „Друга компанија“.
Во тек е нашата нова анкета која гласи - Кој би бил вашиот избор доколку треба да се вработите во некоја од македонските нафтени компании? – Го очекуваме вашето мислење ТУКА.