Мајкрософт, Гугл и Епл претставија заеднички проект за иднината без лозинки, базиран на стандардот FIDO (Fast Identity Online).
Новиот систем ќе го промени дигиталниот свет каков што го знаеме и ќе ги вклучи платформите iOS и Android, прелистувачите Chrome, Edge и Safari, оперативните системи Windows и macOS.
Луѓето ќе користат мобилен телефон како основен уред за најавување на апликации, веб-локации и дигитални услуги.
Системот се базира на криптографија и „безбедносни клучеви“ (passkey) разменети преку телефонски и веб-услуги.
FIDO како гаранција
Стабилна меѓуплатформска врска е загарантирана со стандардот FIDO, чии уникатни „безбедносни клучеви“ се активираат само кога телефонот е отклучен.
Многу популарни апликации долго време користат FIDO, но првичното најавување бара употреба на лозинка.
Новиот проект на технолошкиот гигант сепак целосно ја елиминира потребата од код. Се очекува да заживее во текот на 2023 година.
За потсетување, Мајкрософт во 2021 година ја лансираше програмата „Иднина без лозинка“, која вклучува уреди со iOS и Android.
Корисниците автентицираат со помош на Microsoft Authenticator, системот Windows Hello (отпечаток од прст, скенирање на лице или зеница), СМС или проверка на е-пошта (уникатен код).