Побарувачката за работници во Германија сега е поголема од кога било, пренесува германската агенција.
Побарувачката за работници во Германија е поголема од кога било, пишува агенцијата „dpa“. Подобрувањето на состојбата со корона во Европа придонесе за укинување на рестрикциите, а со тоа почна пролетното заживување на пазарот на трудот. Зголемување на побарувачката за работници има и во месец април.
Недостигот од работници ги погоди речиси сите сектори, особено угостителството, пренесува „дпа“. Вицепремиерот на Северна Рајна-Вестфалија Јоаким Стамп рече дека „недостигот на работници во некои сектори се заканува да ја убие економијата“. Тој смета дека е потребна брза законска промена на претходниот договор „за на имигрантите да им биде доволен само договор за вработување од германска компанија како легален пристап до германскиот пазар на труд“.
Освен тоа, треба да се укинат сите забрани за работа. „Не можеме да си дозволиме да одбиеме луѓе кои сакаат да работат“, рече Стамп, кој е и министер за семејство и интеграција во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, пренесува Хајат.
Експертот за пазарот на труд на конзервативната ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Марк Биадак, повика на „проширување на законот за имиграција на квалификувани работници“. „Проблемот на германскиот пазар на труд не е невработеноста, туку самата невработеност е проблем“, рече Биадак, истакнувајќи дека недостигот на работна сила ги зголемува цените и го забавува закрепнувањето на германскиот пазар на труд, кој мора да стане поатрактивен за имигрантите.