Зоолошката градина и годинава е една од најпосетените локации во Скопје, каде овој викенд имавме рекордна посетеност од над 14.000 посетители.
Kонтинуирано се работи за подобрување на просторните услови на живеалиштата, а рекордната посетеност е уште еден поттик за продолжување на активностите за поставување нови стандарди на квалитет и поголема благосостојба на животните.
Апелираме до посетителите на Зоолошката градина на совесно однесување, со што вработените ќе можат полесно да ги реализираат нивните работни обврски и мисија – едукација, чиста и средена зоолошка и најголема грижа и љубов за животните.