Променливото време ги спречи охридските угостители оваа летна сезона да им биде успешна. Нашиот најголем туристички центар е преполн само за викенди, а релаксиран одмор можете да си поминете во работните денови.
Фолклорен фестивал на повеќе локации низ центарот, улични свирачи и продавачи на секој чекор, беше сликата за изминатиот викенд во Охрид. На главното шеталиште луѓето едвај се разминуваа од метеж. На плажите, речиси и да немаше слободна лежалка, ниту место за сопствени реквизити.
Новата работна недела донесе и нови, постудени временски услови , па сега плажите се полупразни. Изнајмување на лежалка чини од 100 до 200 денари, во зависност од локацијата.