Поскапувањето е неизбежно, но за колку? Според бројките ниту годинава на светските берзи цената на струјата нема да падне под 200 евра за мегават час.
Цената мора да се зголеми, нема бегање од тоа и тоа е факт. Цената на увозната струја ќе се зголеми за 30 проценти, а цената нема да падне под 200 евра за мегават час. Такви се прогнозите кои ги даваат фирмите кои се на берза, ние не ги измислуваме. Ако е тоа така, значи има потреба и граѓаните да учествуваат во трошокот. Друг проблем е што луѓето немаат пари и инфлацијата вртоглаво расте и сите се посиромашни – вели за Телма, професорот Димитров.
Првите пресметки за формирање на новата цена на струјата пристигнаа до РКЕ. ЕВН ХОУМ И Електордистрибуција денеска ги доставија своите калкулации до регулаторите. Се чекаат анализите и од другите фирми. Од МЕПСО веќе најавија дека ќе бараат зголемување на цената за услугата која ја вршат, но точно за колку ќе се знае кога ќе завршат со анализите на трошоците.
Сепак каква цена ќе плаќаат граѓаните во следните шест месеци најмногу ќе зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ. Од компанијата веќе соопштија дека до крајот на мај би имале точна пресметка каква ќе биде новата цена.