Да ја знаете точната сума на пари кога преговарате за плата е круцијално за секој работобарател. Да се побара од 10 до 20 проценти повеќе од тоа што го заработувате во моментов не е воопшто лоша идеја. Сепак, потребно е да направите мало истражување пред да излезете со оваа формула.
Колку да побарате кога преговарате за плата?
Прашање чијшто одговор не е воопшто лесен. Но за среќа, постојат стратегии кои ќе ги помогнат да дојдете до вистинскиот одговор.
Еве како да дознаете колку пари треба да побарате кога следниот пат ќе преговарате за плата:
Завршете ја домашната работа
За да бидете целосно подготвени за овие преговори, првото нешто што треба да го направите е да истражите колку заработува некој со искуството и вештините со кои вие располагате на истата таа позиција.
Ова ќе ви помогне да размислувате рационално кога ќе ја слушнете првата понуда која најчесто ја дава работодавачот.
Барајте од 10 до 20 проценти повеќе од вашата моментална заработка
Генералното правило гласи да побарате најмалку 10, односно најмногу до 20 проценти повисока плата од тоа што сте го заработувале досега. Тоа значи дека ако заработувате 30.000 денари месечно, имате простор да побарате од 3.000 до 6.000 денари повисока плата без да изгледате алчно или смешно.
Доколку првичната понуда биде повисока за 20 проценти од вашата тековна плата, не се плашете да побарате уште некој процент.
Да се побара од 10 до 20 проценти повисока плата е исто така рационална сума кога барате покачување од истиот работодавач.
Употребете го вашето знаење
Никогаш не ја прифаќајте првата понуда во преговорите. Голем број работобаратели откако ќе ја добијат првата понуда тие веднаш возвраќаат со своја понуда, но тоа е погрешно. Оставете ги парите на маса и покажете кои се вашите вештини и способности и како тие ќе придонесат за развојот на компанијата.
Не заборавајте дека покрај платата, има и други елементи кои се дел од компензацискиот пакет. Размислувајте и за нив. Некогаш е добро да се прифати пониска плата во размена за поголем број бенефиции кои ви ги нуди работата.