Шведската компанија Икеа воведува драстични промени во работењето, по 30 години функционирање.
Компанијата која е позната по својот синџир на големи продавници низ Европа планира да почне да отвара мали градски продавници наместо големите препознатливи центри.
– Мора да одговориме на навиките на купувачите. Затоа наш приоритет ќе биде отворање мали градски продавници и развој на онлајн продажбата, но и достава на производите – изјави Хавиер Квинонс, менаџер во Икеа.
Прва ваква продавница ќе се отвори во Лондон оваа есен. Подоцна овој начин на работа треба да се прошири во други земји.
извор: канал5.ком.мк