Маск во објавата ставил и линк од вест објавена од Ројтерс на 2 мај, каде пишува дека Твитер овие информации ги поднел до американскиот финансиски регулатор. Тој исто така се обврза да плати 1 милијарда долари казна доколку целосно се повлече од договорот.
Најбогатиот човек на светот утринава обзнани дека договорот од 44 милијарди долари за купување н Твитер е ставен на пауза сѐ додека тој не добие потврда дека помалку од 5 отсто од профилите на социјалната мрежа се лажни сметки, како што тврделе од самиот Твитер пред продажбата, пишува Гардијан.
Маск во објавата ставил и линк од вест објавена од Ројтерс на 2 мај, каде пишува дека Твитер овие информации ги поднел до американскиот финансиски регулатор. Тој исто така се обврза да плати 1 милијарда долари казна доколку целосно се повлече од договорот.
– Оваа статистика од 5 отсто е објавена веќе некое време. Тој очигледно веќе ја видел… Така што можеби сето ова е дел од стратегијата за намалување на цената – вели Сузана Стритер, аналитичарка во „Харгривс Лансдаун“.
Твитот на Маск веднаш ги намали акциите на Твитер за околу 23 отсто, што е повеќе од петтина. Тој беше договорен да го купи Твитер за 54,20 долари по акција, а денес на берзата акциите се продаваат за 37,10.
Доколку Маск го купи Твитер, тој планира да воведе посебен тест за автентичност кој ќе мора да го поминете ако сакате да створите свој профил.
Twitter deal temporarily on hold pending details supporting calculation that spam/fake accounts do indeed represent less than 5% of usershttps://t.co/Y2t0QMuuyn
— Elon Musk (@elonmusk) May 13, 2022