Се чека на ЕВН колкави побарувања ќе има и колку количини ќе може да покрие ЕСМ. Дали минималните 60% или повеќе. Она што единствено е познато, е дека до крајот на годината ДДВ - то на сметките за струја кое го плаќаат граѓаните ќе остане 5 отсто.
Како заштита од ценовен шок за граѓаните во подготовка е и нов тарифник, кој треба да стартува следниот месецв. Со него се предвидува оние кои трошат големи количини на струја да плаќаат повисока цена. Цената на струјата последно се зголеми во декември лани за 9,48%.