Шест гулаби летнаа кон небото во чест на шесте медицински сестри кои ги изгубија животите поради ковид 19. Виолета, Дијана, Елица, Ирена, Нашиде и Мирлинда беа постхумно одликувани за нивната пожртвуваност и тоа на меѓународниот ден на сестрите.
Секогаш ќе се сеќаваат на нивните колешки кои починаа за време на пандемијата, но на овој за нив важен ден, од Унијата на здруженија на медицински сестри им порачаа на надлежните што поскоро да го вратат достоинството на оваа благородна професија. Актуелниот министер за здравство како и неговите претходници со ветување за закон за сестринството.
И во очекување на подобри услови за работа и вреднување на трудот, продолжува одливот на медицински сестри кои ги пакуваат куферите и заминуваат на запад.