Квотата за вработување на сезонски работници во Црна Гора оваа година изнесува 18.190.
Во Црна Гора за оваа година е планирано вработување на 10.000 домашни сезонци при што се ангажирани околу 6.500 невработени лица – соопшти црногорскиот Завод за вработување.
Во првата половина од 2018 година, работодавците најмогу барале келнери, готвачи, пица мајстори, месари, пекари, собарки, хигиеничарки, садомијачи и работници за помошни работи.
Според Заводот за вработување, побарувачктата за сезонски работници е најголема во предсезоната. Но, тоа не значи дека не се бараат луѓе и во текот на сезоната.