Цените на авионските билети летово ќе пораснат поради големата побарувачка за одмор во Европа, соопшти „Рајанер“.
Шефот на авиокомпанијата Мајкл О’Лири изјави дека очекува цените на летовите да се зголемат за неколку отсто.
Пониските цени на авиобилетите моментално го поттикнуваат растот на бројот на патниците и на тој начин му помагаат на „Рајанер“ да закрепне од пандемиската криза. Тој се надева дека фирмата ќе има профитабилност во тековната финансиска година.
Компанијата објави годишен профит од 355 милиони евра и соопшти дека на закрепнувањето влијаат укинувањето на епидемиолошките мерки. Загубата на „Рајанер“ до 31 март беше помала од очекуваното. Минатата година компанијата мораше да се соочи со загуба од 1,02 милијарди евра.
Првиот човек на компанијата вели дека очекува до јуни цените да бидат пониски, но ако се суди по резервациите тие ќе бидат повисоки во текот на летото.