Пред да биде донесен законот, имаше лавина реакции од страна на стопанствениците дека нивните бизниси ќе претрпат големи штети во случај во недела да не работат. Кога се донесе законот, газдите дури ја убедуваа јавноста дека не тие, туку работниците бараат законот да се укине за да може да одат на работа и да земат повисока дневница.
Сега имаме нова ситуација, се инсистира недела неработен ден да не важи во туристичките центри. Според информациите на Денар, сега измените чекаат зелено светло во законодавниот дом каде предлозите се разгледуваат.
“Туристичко место претставува подрачје или дестинација кое како организациона и функционална туристичка целина располага со природни, културни, историски и други знаменитости од значење за туризмот, комунална, сообраќајна и туристичка инфраструктура, како и објекти и други содржини за сместување и престој на туристите“, стои во Законот за туристичка дејност.
Ова значи дека не само градовите кои се до езерата или близу планинските места кои привлекуваат туристи, туку правилото за недела неработен ден нема да важи и за централнотио градско подрачје на Скопје, чаршијата во Битола, плоштадот во Тетово и ред други места во Македонија каде редовно има туристи.
Целата статија прочитајте ја на denar.mk