Во Македонија 17 домаќинства трошат 10 отсто од целата потрошувачка на струја во државава. Односно, овие домаќинства, трошат 30 проценти од целата струја произведена од хидроелектраните.
Поради ваквите примери Регулаторната комисија за енергетика е во завршна фаза со подготовка на новиот правилник за тарифирање на корисниците. Иако овие домаќинства се редовни плаќачи на сметките за електрична енергија, регулаторот вели дека ќе мора да се променат правилата. Тие што повеќе трошат ќе плаќаат повисоки тарифи.
„Ако е просечна потрошувачка 10 киловат часа на ден, а читањето може да биде различно за 25 до 35 дена, а ако кај вас е на 25 дена во првиот блок би биле 250 киловат часови. Доколку е 35 дена би биле 350, се со цел да ги избегнеме шпекулациите од типот намерно не ми прочитаа за да влезам во повисок блок, се со цел граѓаните да бидат сигурни дека тоа што им припаѓа тоа и ќе го добијат“, изјави претседателот на РКЕ.
Фирми имаат рок до крајот на месецов да ги достават нивните пресметки. Просечната цена по која ќе се продава струјата догодина ќе изнесува 240 евра за мегават час, тоа е за неколку пати поскапо од пред енергетската криза.