Во ова тешко време и во период што не е градежна сезона, најголемата домашна градежна компанија „Гранит“ успеа да ги зголеми приходите за 10 отсто и кварталот да го заврши на позитивна нула.
Од faktor.mk пишуваат: Веројатно е дека вториот квартал притисокот врз трошоците особено заради цените на нафтата и градежните материјали ќе расте и тоа ќе влијае врз билансот за првото полугодие. Но со пролетта започнува и градежната сезона. Сепак на акционерите „срце им грее“ дивидендата вредна еден милион евра од акците што „Гранит“ ги има во „Комерцијална банка“.
Најголемата домашна градежна оператива, скопски „Гранит“ во првиот квартал оствари приходи од продажба кои се повиски за 10 отсто од лани и достигнаа 12,6 милиони евра. Како и претходно и оваа година доминантно е учеството на домашната продажба која изнесува 11,9 милиони евра во вкупните приходи од продажба на „Гранит“. Уште 810.000 евра приходи „Гранит“ книжи од капитализирано сопствено производство и од останати оперативни приходи.
Особено затоа што е добра основа за вториот квартал во кој градежната оператива се буди и значајно ги зголемува своите активности. На добивката на „Гранит“ во овој т.е. вториот квартал многу позитивно ќе влијае и дивидендата од акциите што компанијата ги има во „Комерцијална банка“ од кои приносот ќе биде околу еден милион евра.
Погледнете ги работните позиции кои ГРАНИТ ги нуди во моментов- Аплицирајте и станете дел од тимот на ГРАНИТ!
Машинист на багер
линк за повеќе детали и аплицирање
Машинист на булдожер
линк за повеќе детали и аплицирање
Машинист на ваљак за вградување на асфалт
линк за повеќе детали и аплицирање
Машинист на грејдер
линк за повеќе детали и аплицирање
Машинист на ровокопач
линк за повеќе детали и аплицирање
Машинист на универзална машина (BOBCAT)
линк за повеќе детали и аплицирање
Машинист на финишер за вградување на асфалт
линк за повеќе детали и аплицирање
Ракувач на бетонска пумпа
линк за повеќе детали и аплицирање
Возач на миксер за бетон
линк за повеќе детали и аплицирање
Возач на кипер
линк за повеќе детали и аплицирање