Највисоката плата во земјава ја земаат програмерите, а она што е ново е дека тие ја надминаа висината на плата од 80 илјади денари.
Или конкретно, во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, плата која била земена во март изнесувала 80.128 денари, додека просекот од претходните три мееци бил 79.848 денари. Плата од над 80 илјади денари, „компјутерџиите“ земале и во февруари годинава, така што во март дури има и благо намалување.
После програмерите со просечна плата се од финансиско услужните дејности, каде земаат 56.260 денари, а на трета позиција се некогашните шампиони, оние вработени во дејноста телекомуникации, чија просечна мсечна плата е 51.536 денари.
Следи фарамацевсткиот бизнис со плати во просек од 50.295 и останати стручни, научни и технички дејности, каде платите изнесуваат 50.184 денари.
Инаку, мартовската просечна плата стигна до 31.080 денари, што е годишен пораст за 10,1 отсто.