Штетата од минатогодишните пожари, пред се оние кои ја зафатија земјата во текот на август лани и се гасеа со меѓународна помош, предизвикаа загуба по шумскиот фонд од 40 милиони евра. Ова го потврдува ЈП „Национални шуми“ во штотукуобјавениот годишен извештај за својата работа во 2021.
Покрај шумите на јавна површина, имаше опожарени и голем број шуми во приватна сопственост и со тоа економски беа погодени неколку различни локални дејности.
За споредба, во извештајот на јавното претпријатие стои дека во 2021 опожарена е дрвна маса од 490.000 метри кубни, додека една година претходно бројката на опожарени дрва е само 8.138 метри кубни. Опожарената површина е десет пати поголема - 12.350 хектари во 2021, наспроти 1.234 хектари во 2020. За интензитетот на пожарите доволно зборува тоа што лани ги имало 204, а една година претходно точно двојно помалку. Најголемиот дел од штетата го предизвикале 19 пожари во шума од мешан состав. Пожарите ги гаселе повеќе од 6.600 луѓе.
Повеќекратните штети на шумскиот фодн најмногу му нанесоа пожарите во источниот и југоситочниот дел од земјата лани.
извор: faktor.mk