Еден бронзен медал и две пофалници добија македонски средношколци на 6. Европска олимпијада по физика што се одржа во Љубљана, Словенија од 20 до 24 мај, информираше Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ).
Бронзен медал добил ученикот Јан Стојановски кој е втора година во приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Скопје, додека ученикот Мајкл Георгиевски кој е трета година во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци и ученикот Матеј Јовчески кој е четврта година во средното училиште „Јахја Кемал“ во Скопје добија пофалници.
Честитки за наградените ученици, а исто така честитки и за останатите ученици кои достојно се претставија Емилија Николовска, ученичка во втора година во Математичко – информатичка гимназија во Скопје и Матеј Гелев, ученик во втора година во ПСУ Јахја Кемал во Скопје. Благодарност и до лидерите на тимот, Ирина Петреска и Трифче Сандев, се додава во објавата на ДФРМ.