Компанијата „Кафе ди Артисан“ ќе отвори фабрика во Куманово за производство на течно кафе во капсули со патентиран метод на изработка. Со вкупно планирана инвестиција од 3 милиони евра, проектот на компанијата ќе се реализира во три фази и фабриката ќе вработи околу 100 лица до крајот на третата фаза, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.
„Kако дел од нaшите планови за развој, истражувавме неколку дестинации за инвестирање во регионот, но ја избравме Македонија како најдобра локација за нашето производство, првенствено поради високото квалификуваната работна сила, одличното познавање на англискиот јазик, како и одличните услови за започнување и водење бизнис.
Високо професионалната поддршка, советите и консалтингот кои ги добивме од страна на тимовите на ‘Инвест Македонија’ и ‘Магнум Консалтинг Лимитед’ значително го олеснија целиот процес до финалната одлука за инвестирање“, изјави сопственикот на компанијата, Шанкар Шарма. Компанијата започнала со работа во 2016 година со отварање на првата фабрика во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, а подоцна во 2017 ги лансирала своите производи во Велика Британија и во САД во 2018 година. Производите на компанијата се продаваат во САД, Европа, Среден Исток и Јужна Азија.
извор: vecer.mk