Силен дожд проследен со ветар и грмотевици, а некаде и со град денеска зафати делови од земјава, поплавувајќи улици, а во Скопје делови од градот останаа без струја повеќе од еден час.
Како што соопштија од Центарот за управување со кризи на нивната Фејсбук страница, превентивената препорака, односно апелот до граѓаните за внимателност заради силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд – се уште постои.
Денеска уште од претпладневните часови има нестабилност во западните делови од земјава, најпрво во Охридско-Преспанскиот регион, а потоа интензивна линија на нестабилност се разви и се прошири од Полошкиот регион на југ се до Пелагонија. Од појави се забележани пороен дожд, интензивни електрични празнења, како и појава на град во Полошко, известија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Покрај силен и голем град што паднал во Лозово, во Тетово улиците, одредени подвозници и пониските дворови се речиси целосно поплавени, а и подрумите и приземјата на повеќе куќи.
Од ЦУК посочуваат дека регионалниот центар за управувањесо кризи РЦУК Тетово со дел од своите вработени е на терен и иницираше преку директен контакт со грдоначалникот на Општина Тетово свикување на локалниот Главен штаб за управување со кризи на Општина Тетово. Инаку, на терен со пумпи за испумпување на водата од критични места и помош на граѓаните се излезени Територијалната противпожарна единица и од ДЗС Тетово, припадници од МВР за регулирање на сообраќајот особено таму каде не може да се помине под поплавени подвозници.
(Фото: Фејсбук ЦУК)
Нестабилната облачна маса ги зафати и западните делови од Скопската Котлина, каде што, исто така, имаше пороен дожд и грмежи, а краткотрајно се можни и поинтензивни просеци со град и силен ветер.
До крајот на денот нестабилно ќе биде во поголем дел од земјава, наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Често ја фрламе храната штом ќе забележиме дека ѝ поминал рокот. Но дали е секогаш потребно да се прави ова? Многу намирници всушност можат да се консумираат и по тој датум, а некои производи речиси никогаш не се расипуваат.
Тешко дека постои Балканец или Македонец кој не слушнал барем едно или две верувања поврзани со Баба Марта или не слушал легенди за потеклото на овој антички обичај.
Министерството за образование и наука информира дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 март 2025 година.
Македонското земјоделство се соочува со сериозни предизвици во последните години, што доведува до значителен пад во производството и приходите на земјоделците. Македонија е зависна од увоз за покривање на потребите на својот пазар. Ова не само што ги зголемува трошоците за живот на граѓаните, туку и ја прави земјата подложна на глобални кризи кои влијаат на цените и достапноста на храна.
Група туристи од Нов Зеланд во неделата навечер се обиделе да влезат во познатата Фонтана Треви, една од најпознатите знаменитости во Рим. Додека полицијата ги отстранувала од локацијата, еден од нив, триесетгодишен маж, се оттргнал од рацете на полицајците и скокнал во фонтаната.
Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде