Намерата на граѓаните да купуваат помали машини за производство на пелети дома предизвика загриженост кај еколошките организации за заштита на животната средина, кои велат дека во период кога се ќе поскапи, граѓаните ќе бараат повеќе евтини алтернативи кои ќе донесат огромно загадување на воздухот од есен.
Институциите во моментов немаат начин да контролираат каков квалитет на пелети ќе произведуваат граѓаните кои ги купуваат машините.
Значително е намалена количината на пелети на пазарот во земјава. Македонија успева да произведе само 20% од потребната количина пелети за пазарот во земјава, додека останатите 80% се увезуваат од земји како Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Албанија. Србија пред неколку дена одлучи да го забрани извозот на пелети и оваа одлука беше голем удар за пазарот во нашата земја. Босна и Бугарија го направија истото. Иако цената на пелетите досега е зголемена за 50 отсто, одлуката на Србија, поскапувањето на дрвото и недоволното количество до есен може да доведе до дополнително поскапување на пелетите.
извор: alsat.mk