
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР за во следните денови најавуваат и променливо облачно време со пороен дожд и грмежи.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Во текот на оваа работна седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Дневната температура до петок ќе биде во опаѓање.
И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно (освен утре), со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.