Водени од грижата за здравјето и благосостојбата на своите вработени и нивните најблиски, Жито Маркети им обезбеди приватно здравствено осигурување на своите сегашни лојални вработени, но и оние кои допрва ќе му се придружат на тимот
На оваа бенефиција во последно време се одлучуваат се повеќе компании. Го прашавме тимот на Жито Маркети зошто се одлучија на ваков потег? Кои се бенефитите од приватното здравствено осигурување за вработените и за нив како компанија?
Како компанија, заштитата и интересот на нашите вработени отсекогаш ни биле врвен приоритет. И кога бевме малa компанија и сега кога претставуваме еден од најраспростренетите и најголеми ланци на супермаркети, нашата позиција на пазарот ја темелевме на довербата и интегритететот на споделувањето на искуства на лојалноста, посветеноста и меѓусебната доверба. Водејќи се од таа замисла, тимот од Човечки ресурси разбработи неколку бонусни програми за нашите вработени во кои секој согласно постигнатите резултати може да се пронајде себе си. Како семејна македонска компанија поставена на традиционални основи со почитување на вредностите кои требаат да владеат во едно поголемо семејство, посебно внимание и фокус посветивме на здравјето на нашите вработени. Токму затоа одлучивме за сите наши лојални вработени да обезбедиме приватно здравствено осигурување.
Дали на сите вработени им е обезбедено приватно здравствено осигурување и што се покрива ова осигурување?
Стабилноста и сигурноста во однос на човековото здравје немаат цена , особено кога ненадејно ќе се укаже потреба од користење на здравствени услуги. Со оваа мерка се опфатени сите наши лојални вработени кои исполнуваат одредени критериуми за поминат работен стаж во компанијата. За жал многу поретко мерката се користи за превентивни прегледи или лабаротириски испитувања а многу повеќе поради нужната потреба откако ќе се јави потреба дека неопходна е здравствена интервенција, мислење или посета. Согледувајќи го тој податок, сè повеќе работиме на подигнување на свесноста за превентивно користење на мерката и искористувања на можностите што таа ги нуди.
Во кои здравствени установи можат да се лекуваат вработените на Жито Маркети со полисата за приватно здравствено осигурување?
Приватното здравствено осигурување подразбира дека нашите лојални вработени оваа мерка можат да ја искористат во било која здравствена институција во државата и при тоа да имаат целосен поврат на средствата кои ги платиле во истата со незначителни ограничувања на некои полиња кои не спаѓаат во таа мерка. Дополнително, се одлучивме да создадеме можност и членовите на потесните семејства на нашите лојални вработени да ја добијат и да можат да ја користат оваа мерка доколку сакаат по многу поволни услови.
Компаниите кои во своите бенефиции нудат и приватно здравствено осигурување дефинитивно се сметаат за едни од попосакуваните работодавачи, посебно заради тоа што ја истакнуваат грижата за здравјето на своите вработени. Вие имавте и еден таков конкретен случај со ваша вработена, па дали би можеле во кратки црти да ни кажете за што станува збор?
За релативно кус временски период, дел од нашите вработени ги искористија поволностите кои ги носи приватното здравствено осигурување и беа позитивно изненадени од можноста која ја дава оваа мерка. Дури, имавме и конкретен случај на наша вработена кај која требаше да биде извршен посложен оператифен зафат што се изврши во една од приватните клиники во државата и за кој комплетно беа рефундирани средствата. Ова е најдобар пример на вложување во највредното во најзначајното нешто, во нашето здравје.
Во моментов имате отворени огласи за повеќе работни позиции. Што ќе им порачате на кандидатите кои би сакале да станат дел од вашиот тим?
Во моментов, во тимот на Човечки ресурси отворени се повеќе работни позиции за кандидати кои се креативни и посветени кај кои има интерес и желба за развивање на нови програми кои ќе допринесуваат за поголемо задоволство кај нашите вработени. За нас, секој е подеднакво важен и нов потенцијален кандидат за вработување како и првиот вработен во компанијата.Создавањето креативна пријатна атмосфера за работа каде ќе предничат професионалните норми и вредности со одлика на едно ново време се нашиот заштитен знак преку кој стануваме препознатливи.